Полицаец вработен во полициска станица Велес е фатен при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија.
Според информациите на МВР, денеска во 10.00 часот кај напуштена бензиска пумпа пред село Воиновиќ, кумановско, полициски службеници го привеле С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес.
Тој бил затекнат на наведеното место со возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија.
Во 10.15 часот на бензинска пумпа на автопатот Табановце-Куманово, како соучесник во криумчарењето, бил приведен и Е.М.(35) од село Горно Оризари, Велешко за кој постои сомнение дека е организатор и учесник при вршење на делото.
За случајот е известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради превземање на мерки од нивна надлежност.