Две лица се тешко повредени во пожар што избувнал во угостителски објект на булеварот Александар Македонски во Скопје.
Тие се обиделе да го изгаснат огнот, при што добиле тешки повреди. Н. Т. (36) и Љ. Т. (52) биле итно пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од другите вработени. Се работи на расчистување на случајот.