Како партија ги осудуваме сите непочитувања на мерките на Владата на Република Северна Македонија, она што би сакал да напоменам е дека пораката на градоначалникот на Гази Баба имаше една цел, да ја смири ситуацијата, вели потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во врска со вчерашниот протест на жители на Синѓелиќ.

– Би сакал да кажам дека сите сме еднакви пред законот и законот важи подеднакво за сите. Она што можам да го потврдам е дека МВР има поднесено три кривични пријави за три лица, а најавени се и мерки за сите други што излегле на улица – рече тој.

Петров упати апел до сите граѓани да не дозволиме еден изолиран инцидент да ја засени одличната работа на стотици здравствени работници, на сите институции и на сите граѓани кои седат дома и се борат против овој смртоносен вирус.