Министерство за труд и социјална политика им понуди сместување и ќе им додели еднократна парична помош на семејството во населбата Шуто оризари, кое денeска го пожар кој им го зафати домот, ги изгубија двете деца на возраст од 1,5 и 3 години.
– Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа, денес, нивните родители. Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадмостлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед – информираше Рашела Мизрахи, новата министерка за труд и социјална политика во преодната влада.