Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2. Од МВР го потврдуваат настанот и велат дека имаат добиено пријава.
– Во 17.47 часот О.И. пријавил дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во новиот дел по подвозникот од десната страна, од две возила – едното „фолксваген пајтон“ сива боја и црно „ауди 4“, кон него од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје. Никој не е повреден. Пријавителот посочи дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.
Засега нема официјални информации дека лицата кои пукале кон скопјанецот, ниту пак, причината за тоа. Од МВР велат дека истрагата е во тек.