Обвинителката Ленче Ристоска, која денеска на социјалните мрежи напиша дека ѝ се украдени двете хаски, објави дека кучињата се пронајдени.
Астра е дома благодарение на Јована!Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме…
Posted by Lence Ristoska on Вторник, 21 јули 2020
– Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни – напиша Ристоска на Фејсбук.
Обвинителката утрово објави дека од нивниот семеен двор во тетовското село Лешок ноќеска им биле украдени две слепи хаски, кои мора да се лекуваат поради нивната лоша здравствена состојба.