Согласно член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители на 22 октомври 2018 година одржа конститутивна седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. На седницата беа констатирани назначувањата на членовите на Управниот одбор на Академијата:
- Мирјана Радевска Стефкова, судија на Врховниот суд на РМ, назначена од Врховниот суд на РМ
- Оља Ристова, судија на Основен суд Скопје 1, назначена од Судскиот совет на РМ
- Осман Шабани, судија на Основен суд Скопје 1, назначен од Судскиот совет на РМ
- Д-р Лазар Нанев, судија на Основен суд Кавадарци, назначен од Здружение на судии на РМ
- Лилјана Спасоска, јавен обвинител во Јавно обвинителство на РМ, назначена од Јавниот обвинител на РМ
- Мери Тромбева, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Битола, назначена од Советот на јавните обвинители на РМ
- Вјолца Елмази, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар, назначена од Советот на јавните обвинители на РМ
- Сашо Рајчев, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје, назначен од Здружение на јавните обвинители на РМ и
- Д-р Љубица Караманди Попчевски, државен советник во Министерство за правда, назначена од Министерот за правда.
На седницата беа донесени следните одлуки:
– Одлука за избор на Сашо Рајчев, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје за претседател на Управниот одбор на Академијата и избор на Оља Ристова, судија на Основен суд Скопје 1, за заменик претседател на Управниот одбор на Академијата.
-Одлука за престанок на мандатот на досегашниот директор на Академијата, судија Анета Арнаудовска.
-Одлука за распишување на јавен оглас за директор и заменик директор согласно со условите од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.