Нов тим составен од девет пожарникари од Смолјан, Бугарија, доаѓа во Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, пренесуваат повеќе медиуми.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов им се заблагодари на пожарникарите од Бугарија кои денес си заминаа дома, откако во изминатите неколку дена учествуваа во гаснењето на пожарите. Четири тима пожарникари од Бугарија, со опрема, досега се справуваа со пожарите во Делчевско и Пехчевско.