Судењето за случајот „Рекет“ треба да продолжи денеска во Кривичниот суд со последните сведоци на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13.
Стилистот Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска, сопственикот на галерија Алекс Кртов, возач од 1ТВ и хирург, досега сведочеа за „Рекет“.
Јовановски предложи 12 сведоци од кои Дејан Панделевски, Владимир Тодоровиќ и Јовче Ременски, се повлекуваат на барање на одбраната.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Катица Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“ и беше осуден на три години затвор.