Предлогот на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, како сведок да биде сослушан поранешниот директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски, во дополнение на доказната постапка за „Рекет’’, не беше прифатен од страна на Кривичниот суд. На оваа одлука реагираше бранителот на Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, кој посочи дека во случајот „Рекет“ прифатени и многу понерелевантни сведоци.
Судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази изводот од сметката на таткото на Јанева, Константин Делкиџаков, како и приватната тужба од Јанева кон Јовановски.
Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Јовановски ќе треба да ја даде својата одбрана. Во досегашниот процес за „Рекет”, се презентираа материјални докази, а беа сослушани и сведоци.
Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги товари обвинитетите Јовановски и Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев, за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“ во кој е обвинет.
На првото рочиште од судењето кое почна во декември минатаа година, второобвинетитот Зоран Милески – Кичеец ја прифати вината и доби опресуда од три години затвор. Пред неколку недели на Милески му беше укинат и куќниот притвор.