Измамници користеле целосен пакет алатки за измама

Од јануари, стотици нови интернет-страници и домени се појавиле и се регистрирале, а биле поврзани со коронавирусот. Тие во пораките испраќале информации за достапни вакцини и други лекови, а доколку лицето цел на пораката се обидело да стапи во контакт со нив, добивало голем број е-пораки од измамниците за да влезат во компјутерскиот систем или да добијат лични податоци. Само „Гугл“ во април пријавил дека на платформата Г-маил биле блокирани 18 милиони такви пораки, и тоа само во еден ден

Најчестите измами под заштитната маска на коронавирусот

Користејќи го коронавирусот, измамите од различен вид се шират речиси исто толку брзо како и самиот вирус. Од 30 август, Федералната трговска комисија на Соединетите Американски Држави регистрирала околу 184.600 поплаки на потрошувачи поврзани со ковид-19, од кои на 68 проценти им бил украден идентитетот. Жртвите вкупно загубиле повеќе од 124 милиони американски долари со просечна загуба од 295 долари. Измамниците користеле целосен пакет алатки за измама почнувајќи од електронски пораки, роботизирани повици и многу други начини, адаптирајќи ги истите тие соодветно на ситуацијата и на развојот на економските и медицинските новитети и проблеми.
Наведуваме кои измами најчесто ги користат измамниците за да заработат на стравот на луѓето, кои се обидуваат на секој можен начин да се заштитат од коронавирусот.

Се продаваат лажни лекови и напивки

Науката сѐ уште нема измислено лек или вакцина што би излекувале од ковид-19, но тоа сепак не ги спречи измамниците од огромен наплив на несоодветни лекови, кои на луѓето им ги нудат во телепродажба. Федералната трговска комисија заедно со американската агенција за храна и лекови, испратиле повеќе од 40 предупредувања до компаниите што се занимаваат со продажба, дека продавале неодобрени производи како лек и превенција од коронавирусите. Тие исто така затвориле и една интернет-страница, која нудела непостојна вакцина.
Непроверени чаеви, есенцијални масла, венски терапии со витамин Ц се едни од најчесто рекламираните продукти што се продаваат преку интернет-трговијата како превентива од коронавирусот. Измамите со заштитните маски и со средствата за дезинфекција уште од самиот почеток на корона-кризата го достигнаа својот врв. Федералното биро за развој забележало дека измамниците промовираат лажни тестови за антитела на ковид-19, во надеж дека ќе соберат лични информации, кои потоа криминалците би ги користеле во измами за кражба на идентитет или, пак, за здравственото осигурување на корисниците.
Тука, секако, предничат измамите на оние Американците што како последица на корона-кризата останале без работа. Криминалците ја користат оваа категорија граѓани така што им испраќаат пораки претставувајќи се како членови од владини организации, нудејќи им финансиска помош. За таа цел, измамниците ги бараат социјалните броеви на корисниците и потоа истите тие ги користат за други нелегални активности, кражби на идентитет и слично. Цел се и малите претпријатија, па криминалните групи по ниски цени им нудат колективно купување разни производи, кои наводно превенираат, детектираат или лекуваат од коронавирусот, и тоа по екстремно ниска цена.

И „ГУГЛ“ СЕ МАЧИ СО ИЗМАМНИЧКИ ПОРАКИ

Во измамите со „рибарење“ или „фишинг“ во информатичкиот јазик, станува збор за фалсификувана е-пошта за да се убедат корисниците да ги споделат своите кориснички имиња, лозинки, лични податоци и броеви од кредитни картички, матични броеви и слично, со намера истите тие да бидат злоупотребени од страна на криминалните групи.
Од јануари, стотици нови интернет-страници и домени се појавиле и се регистрирале, а биле поврзани со коронавирусот. Тие во пораките испраќале информации за достапни вакцини и други лекови, а доколку лицето цел на пораката се обидело да стапи во контакт со нив, добивало голем број е-пораки од измамниците за да влезат во компјутерскиот систем или да добијат лични податоци. Само „Гугл“ во април пријавил дека на платформата Г-маил биле блокирани 18 милиони такви пораки, и тоа само во еден ден.
Исто така криминалците користат и телефонски јавувања, убедувајќи го лицето дека било во контакт со заболен од ковид-19. По јавувањето, на жртвата ѝ се испраќала СМС со линк до лицето, а кога ќе се отворел линкот, вирус навлегувал во телефонот или во компјутерот, повторно за се користат личните податоци, лозинки и други информации.

[email protected]