Бројот на пожари во прилепско бил зголемен последните два месеци заради невнимание од граѓани, истакнуваат од ТППЕ Прилеп, од каде апелираат да не се палат стрништа и редовно да се чистат оџаците, особено оние кои користат дрво како огревна суровина и живеат во колективни станбени објекти, каде последиците од пожар можат да бидат поголеми.

-Бројот на пожари овие месеци е за 40 проценти зголемен. Во јануари имавме над 100 интервенции, а овој месец дури 70 пати сме интервенирале. Ова се сериозни бројки кои опоменуваат и треба да се работи на превенција од пожарите велат од ТППЕ Прилеп, потенцирајќи да не се злоупотребува бројот 193 за лажни повици.

Иако ТППЕ-Прилеп покрива огромна поголема Прилепско, Долненско и во Кривогаштани, сепак се соочуваат со редуциран кадар и техничка неопременост. Во пожарната вработени се само 42 лица, а потребни им бил 65. Имаат само 4 протипожарни возила и три автомобили „лада нива“, кои се користат за теренски интервенции.

Ка.М.