Триесет и деветгодишниот Џ.М од Скопје пријавил дека синоќа околу 22.40 часот на подрачјето на Центар од две лица со закана со тврди предмети му било одземено патничко моторно возило „голф“ сопственост на правно лице.
Според полицијата, оштетениот случајот го пријавил рано утрово во еден часот и четириесет и пет минути. Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.