Министерството за здравство информира дека има жртви во пожарот кој вечерва го зафати ковид-центарот во Тетово. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.
Пожарот е изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани за да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.
Министерот за здравство Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид се очекуваат информации за состојбата.