Полицијата казни 32 лица за неплаќање патарина и користење „флешери“, а меѓу нив има и шест полициски службеници.

Вчера и денеска полицијата изврши засилена контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. флешери.

Притоа изречени се 32 глоби за неплаќање на патарина. Шест полициски службеници ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.