Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа предмети кон делегациите.
– Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење говор на омраза на денешната манифестација во Крушево, наведува МВР.