Министерството за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за случајот со убиениот осомничен во синоќешниот терористички напад во Виена за кој австриските медиуми објавија дека е со албанско потекло, како и дека неговите родители се од Македонија.
Во терористичкиот напад беа убиени четворица цивили, а 17 се повредени.
– Австриската полиција преку „Европол“ достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува – велат од МВР.
По објавите во австриските медиуми и министерот за внатрешни работи на Австриа Карл Нехамер соопшти дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.