Во СВР Скопје, Х.А.(37) од Скопје, вчера пријавила дека на 17 јули во 19 часот од семејниот дом во селото Инџиково се оддалечиле нејзините ќерки А.А.(15) и А.А.(13).

По кажување на пријавителката, тие можеби престојувале во селото Арачиново. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, соопшти полицијата.


Полицијата трага по 15-годишно девојче од Битола

Синоќа во 20.30 часот во СВР Битола, Ф.М.(49) од Битола пријавила дека околу 16 часот нејзината ќерка С.М.(15) се оддалечила од семејниот дом на ул. Караорман во Битола, по што пријавителката во 17 часот контактирала со нејзината ќерка која и кажала дека отпаувала за Прилеп, и се до моментот на пријавување била недостапна. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.