Четириесет и седумгодишен скопјанец пријавил дека синоќа околу 3 часот на улицата „Мајаковски“ бил физички нападнат од 17-годишен малолетник и уште едно лице на возраст од 45 години од Скопје.
Според пријавеното, причина била претходна меѓусебна расправија во врска со недоразбирање околу сообраќајот.
Сочинети се записници за констатирани прекршоци, јавува МВР во дневниот билтен.