Седумнаесет годишник почина на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако бил прободен со нож во тепачка на тинејџери.
Како што информираат од МВР, на 14 август по полноќ, во скопската полиција била пријавена физичка пресметка на улицата Февруарски поход.
Пресметката започнала како расправија од страна на неколку лица со 18-годишник кој бил во друштво на лице на возраст од 17 години.
Во еден момент 18-годишникот извадил нож и му нанел повреди на едно лице од другата група на возраст од 17-години.
Седумнаесет годишникот со возило на брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а 18-годишникот кој му ги нанел смртоносните повреди е пронајден и приведен во полициска станица.
Полицијата работи на расчистување на случајот.