Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични дела – тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани.

Малолетникот, кривичните дела за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца.

Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.