Малтешката полиција сé уште трага по Србинот, кој е осомничен за нападот со нож врз 58-годишен Македонец во Буџиба, Малта.
Македонската заедница на Малта на Фејсбук објави дека напаѓачот, наводно, е извесен М.В. Тие приложија негови негови фотографии и ги повикаа сите што знаат нешто за него да се јават во полиција. Во меѓувреме, фејсбук-профилот на осомничениот е избришан.
– На Малта нема простор за луѓе како него, се надеваме на брз одговор од властите – беше соопштено.
Според локалните медиуми, полицијата го третира нападот како обид за убиство.
Осомничениот по расправата, го прободел човекот од Македонија, а според некои информации, двајцата не се познавале. Постојат сомневања дека Македонецот сакал да прекинене каква физичка преспетка или расправија, но за жал тој беше ранет.
Според медиумите, тој закрепнува и веќе не е во критична состојба. Долго време живее на Малта, каде што има пекарница.