Околу еден часот по полноќ утрово бил приведен е Б.Х. (53) затоа што на свадбена свеченост организирана во дворот на неговата куќа во гостиварското село Чајле, пукал со пиштол и им нанел повреди на Х.И.(44) и М.М.(35) од Чајле.
МВР соопшти дека двете жени се пренесени во гостиварската општа болница за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид под раководство на јавен обвинител.
Б.Х. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.