Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски, утрово дал изјава во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет”. Тој вторпат дава исказ, овој пат по сопствено барање.
Ексдиректорот на „Т-мобиле” е осомничен во предметот ,,Базни станици” на СЈО, за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје, а на штета на акционерите на „Т-мобиле“.
Во еден од објавените разговори од италијанскиот весник „Ла верита” се слуша како Боки 13 во разговор со Орце Камчев вели дека завршил работа за случајот во СЈО, но и во Владата.