Охридскта полиција поднесе кривична пријава против тројца скопјани – И.И.(33), Г.Ј.(34) и С.Ј.(34), како и против фирма од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од МВР, пријавените на 2 август организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките против ковид-19 и протоколите за отварање и работа со кафетерии.