Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 59-годишниот Ќ. Р. од селото Ваксинце, вработен како цариник во царинската подружница „Белановце“.
За него постои сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Како што информираат од МВР, на 5 декември минатата година, додека бил на работа, пријавениот не ја пресметал вредноста на работите што во својот автомобил ги превезувал жител од селото Матејче и не ја наплатил царинската увозна давачка, со што му овозможил на возачот да стекне противправна имотна корист.
Исто така, пријавениот не го евидентирал автомобилот во дневната евиденција за извршени прегледи.