Најопасните земји се оние од Средниот Исток, Африка и од Латинска Америка, каде што економијата генерално е неразвиена, а политичките системи се насилни

Најопасните држави во светот го имаат добиено тој епитет поради трговијата со дрога, киднапирањата, кражбите и многу други активности што водат кон насилство. Земјите што спаѓаат во оваа категорија, се земји што се познати по едно или по повеќе вакви криминални активности, со тоа што тие стануваат не само најопасни, туку и воопшто неатрактивни за туристите. Најопасните земји се оние од Средниот Исток, Африка и од Латинска Америка, каде што економијата генерално е неразвиена, а политичките системи се насилни. Таквите опкружувања само помагаат во создавањето криминална клима.

Авганистан
Земја каде што насилството е најголемо е Авганистан. Оваа земја е опустошена од исламската фундаменталистичка група – талибанци. Но тоа не е единствениот извор на насилство. Тука е и трговијата со хероин, која достигнува фрапантни бројки, што повторно води кон насилство. Минатата година, Авганистан и официјално беше на врвот на листата на најнебезбедни држави во светот, направена од страна на американскиот Институтот за економија и мир.

Гватемала
Како Ел Салвадор и Хондурас, Гватемала е преполна со дрога. Нејзините жители произведуваат дрога за да можат да преживеат. Сето тоа носи и многубројни насилни инциденти во оваа земја. Само во една недела, просечно се случуваат 91 убиство. Таа има речиси најголема стапка на насилство во Латинска Америка, а има многу ниско ниво на апсења на криминалците. Најголемиот број инциденти се случуваат поради дрога и поради пресметка помеѓу локалните банди.

Мексико
Како центар на патот на дрогата помеѓу Јужна и Северна Америка, Мексико има огромен проблем со насилството. Покрај тоа што војската има скратен буџет, насилството е на сите страни. Бидејќи е туристички атрактивна држава, меѓу многубројните жртви се инвеститорите, кои честопати се киднапирани, жртви на изнуда и на кражби. Сепак, статистиката вели дека најголем број од жртвите се поврзани со криминалните организации, кои на некој начин се заплеткале во нивната работа. Наркокартелите потплатуваат вработени во полицијата за да можат да ги реализираат своите криминални дејства.

Либија
Откако во 2011 година беше срушен режимот на Муамер Гадафи, земјата беше вмешана во активностите на Исламската верска заедница. ИСИС има свои активности во Либија, кражби се случуваат на секој чекор, а голем е бројот и на киднапирања.

Пакистан
Политичките и религиозните тензии се многу распространети во Пакистан, па поради тоа земјата честопати е цел на терористички напади. Постојано се отвораат нови фронтови, невини лица умираат, а децата се доста често жртви во насилството.

Сомалија
Една од најнестабилните земји во светот е токму Сомалија. Таа е земја на пиратите, кои пустошат низ Индиски Океан. Тие напаѓаат бродови, киднапираат, крадат и убиваат. Покрај тоа, терористички напади се случуваат доста често, па опасноста од истите тие секогаш е активна.

Ел Салвадор
Оваа држава е лоцирана во срцето на Централна Америка. Во Ел Салвадор владее насилството помеѓу бандите, а и наголемо се врши трговија со дрога. Бандите во 2018 година продолжија да водат пресметки за територија, а со тоа брутално ги малтретираа тамошните жители. Доста често се принудуваат децата, жените и помладите девојки да бидат сексуални робови. Бандите ги убиваат, киднапираат, силуваат сите што ќе им се спротивстават, вклучувајќи и владини службеници.

Венецуела
Венецуела е една од главните маршрути на трговијата со дрога на патот кон Соединетите Американски Држави. Во 2014 година економијата на оваа држава речиси колабираше кога падна цената на нафтата, што доведе до ширење на бизнисот со дрога, од кој многумина почнаа да живеат. Насилства се случуваат на улиците без никаква најава, одеднаш, а криминалните организации ги користат сите расположливи средства за да ги реализираат своите предвидени планови.

Хондурас
Во 2015 година, стапката на самоубиства во Хондурас изнесувала 60 на сто илјади жители, што претставува највисока стапка на самоубиства во светот. Низ улиците на оваа земја владеат банди, кои постојат се пресметуваат меѓусебно. Двете најголеми банди во оваа земја Мара Савлатруча и Барио 18 се едни од најмоќните во светот.

Сирија
Распарчена од застрашувачка и разорувачка војна помеѓу бунтовниците и власта на претседателот Башар ал Асад, Сирија се соочува со огромни хуманитарни кризи. Во градовите е невозможно да се живее поради постојаните воздушни напади, во кои се убиваат стотици жители на оваа земја. Откако започна воениот конфликт во 2011 година, починаа речиси половина милион жители на Сирија. Присуството на ИСИС во границите на Сирија, ја прави оваа држава невозможна за живеење. Висок е степенот на насилство во оваа земја, а огромен е и бројот на напади со хемиско оружје. Според постојните статистики, околу 470 илјади лица биле убиени во Сирија, а од нив 55 илјади се деца. Властите немаат контрола над голем дел од земјата.

Ирак
Конфликтите во оваа земја никако да стивнат. Речиси и да нема период на примирје во Ирак. Насилството е доминантна појава во оваа земја. Дополнително, активното присуство на ИСИС во одредени делови на Ирак ја прави оваа држава една од најопасните во светот. Ризик од терористички напад има постојано. Но голема е и стапката на киднапирања.

[email protected]