Скопското основно јавно обвинителство ќе спроведе истрага против 34-годишник од селото Рашче поради сомнение за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Како што информираат од обвинителството, на 17 март, во својот дом во селото, осомничениот држел полуавтоматски пиштол „застава М57“ со калибар 7,62Х25 милиметри и 25 куршуми од тој калибар.
Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при полициски претрес на домот.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување притвор поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.