На денешното рочиште за “Тенк” поради ризична бременост не беше присутна обвинетата Гордана Јанкулоска. Според мислењето на техничкиот советник на одбраната д-р Татјана Гуржанова, Јанкулоска се наоѓа во 37-та недела од бременоста и поради тоа и е препорачано строго мирување.
Бранителот на обвинетата Гордана Јанкулоска, Сања Арсиќ достави до судот мислење од д-р Гиржанова кое е формирано од извршените прегледи од конзилиумот на доктори од Здравствената јавна клиника за гинекологија и акушерство Скопје, во кој што учествувала и Гиржанова.
-Мислењето на техничкиот советник Д-р Гуржанова која е и овластен судски вештак од областа на акушерството и мислењето на Конзилиумот се идентични.
Но, судијата Кацарска рече дека ова е последен пат да одложува рочиште и и се закани на одбраната дека во иднина ќе презема други мерки. Поради тоа што Јанкуловска јавно ја прозивала во медиумите, Кацарска рече дека како мајка како жена ќе почитува 45 дена и веднаш со строг тон почна да ги чита следните термини. Таа закажа термини од 29 јуни, 29 август, 30 август, 4 и 5 септември па се до крајот на октомври, иако не и се верувало дека до тогаш ќе трае предметот Тенк.
На денешното рочиште беа присутни сведоците Љупчо Цековски, Маријан Милошевски и Сашо Гиоски.