Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватна клиника, откако судот го одобри нејзиното барање да се јави на кардиолошко-интернистички преглед поради нарушената здравствена состојба, објавуваат повеќе медиуми.
Ова ќе биде прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта, каде што досега добиваше терапија за нејзината состојба.