Судењето за случајот „Плацови на Водно” продолжи денеска во Кривичниот суд во Скопје со изведување на материјални докази од одбраната на Јордан Камчев. Се изведуваат 69 материјални докази.
Адвокатот на обвинетиот, Тони Менкиновски, реагираше дека Обвинителството во текот на истражната постапка не ги обезбедило доказите кои биле на поднесената листа, а кои одат во прилог на одбраната.
Судијата Илија Трпков го води случајот, а јавната обвинителка Лиле Стефанова е застапничка на обвинението. Следното рочиште е закажано за 22 декември.
Според обвинението, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, додека неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.