Ако некој го руши дигнитетот и независноста на судот тоа е опозицијата, три дена во собраниската распраа не застанавте во она што значи рушење на независното судство, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.
Таа им порача на пратениците од опозицијата дека не Добрила Кацарска таа што го крши уставот, туку тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
– Вие сте тие што не го почитувате ниту уставот, ниту законот за судови, ниту редовното судство – рече Калеска-Ванчева.
Таа го цитираше извештајот на ОБСЕ за случаите на СЈО, за 5-те случаи кои се завршени, во кој се наведува дека за случајот „Tенк“ со кој му се судеше на поранешниот премир Никола Груевски е добар обрзаец дека е можно висок функционер да биде осуден.
Безразлика на бегството од правдата и поранешниот премиер Никола Груесвки што следеше подоцна, овој судски процес беше пример дека е можно висок функционер да одговара, пресудата беше добро образложена и јасно ги презентираше доказите на кои судот им дал верба при утврдување на вината, а пресудата содржеше јасно објаснување зошто судот ја отфлрил теоријата на одбраната, нагласи Калеска-Ванчева.
Таа додаде дека случајот „Тенк“ треба да послужи како пример за сите кривични совети.
ВМРО-ДПМНЕ тука дискутира за стручноста и компетентсноста на судија кој е судија 34 години, и ниту еден друг процес не ги интересира, освен процесите против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева на расправата за именување на судјката Добрила Кацарска за уставен судија.