Седумдесет и седум возачи биле казнети по спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, соопшти полицијата.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.