Кај 33 од 187 возачи е утврдено присуство на алкохол во контролата што полицијата ја спровела ноќеска меѓу 22 и 4 часот на подрачјето на Скопје, а во акцијата биле откриени и 50 други прекршоци.
Од 6 до 22 часот вчера, пак, 47 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени им се мандатни платни налози. Констатирани се и 82 останати прекршока за кои се издадени 61 мандатен платен налог и 21 прекршочен платен налог.
Како што информира МВР, од 23 часот синоќа до 5 часот утрово на подрачјето на Скопје со специјално возило „пајак“ се подигнати 24 непрописно паркирани возила, најголем дел на кеј „13 Ноември“.