Судот на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ го казни вештакот предложен од СЈО, Страхил Глигоровски, бидејќи иако уредно повикан не дојде на денешното рочиште за да биде испрашуван.
Судијата Горан Бошевски рече дека поради неговото неприсуство на судењето за кое знаел од претходното рочиште се казнува со сума од 1.500 евра. Глигоровски на претходното рочиште се изјаснил дека е неподготвен да одговара на прашањата. Следното рочиште е закажано за 13 ноември.
Во „Траекторија“ обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и ексвицепемиерот Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, дека ја злоупотребиле службаната должност за тендерот за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.
Обвинети се земање провизии и направена штета на буџетот во вредност од 155 милиони евра.