Дебарската полиција поднесе кривична пријава против 63-годишник со иницијали Ф.К. од Дебар, поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности, бесправно градење и пустошење шуми.

Како што информираат од МВР, во текот на годинава на локации на брегот на Дебарското Езеро во државна сопственост, 63-годишникот бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил три објекти од тврд материјал, со што се стекнал со противправна материјална корист од 241.100 денари.