Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш во Тетово.
Пожарот избил во непосредна близина на спортската сала, а бараката е целосно изгорена, информираат од полицијата.
Безживотното тело го пронашле пожарникарите.
Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител, телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.