Признавањето на сторено дело се нарекува „кралски доказ“, бидејќи безмалку се изедначува со законската пресуда. Затоа е чудно што невините луѓе, понекогаш, се инкриминираат себеси, признавајќи нешто што всушност не го сториле, пишува „Лајв саенс“.
Поновите истражувања покажуваат дека во изминативе 60 години, повеќе од 300 мажи и жени откако минале поминале години во американските затвори поради злосторства што ги признале, а не ги сториле, пред да бидат ослободени. Овие податоци се од Националниот регистар за помилување, програма што е водена од универзитетот „Калифорнија“, Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген и Државниот универзитет во Мичиген. Овие податоци покажуваат зголемување од 10 отсто во однос на регистрираните 2.551 помилување од 1989 година.
– Не постои сомнеж дека признанието е најмоќната форма на инкриминирачки докази на суд – вели Саул Касин, професор по психологија на колеџот за кривична правда „Џон Џеј“ во Њујорк.
Да се разбере причината зошто некој признал, честопати се поврзува со процесот на испрашување. Честопати, овие признанија доаѓаат по неколку часови на немилосрдното испрашување, посочува Касин.
– Ако го земете случајот на Роберт Адамс, човек од Сиракјуз, тој беше ослободен во јануари, откако мина осум месеци во затвор за убиство за кое лажно признал. Снимката од сослушувањето покажа дека на Адамс му биле поставувани исти прашања со часови се додека не бил бил убеден дека го извршил убиството – вели Касин.
Според Касин, полицијата му тврдела на Адамс дека имала докази против него. Тоа е законска, но контроверзна тактика при што во целиот процес, на крајот Адамс признал дека го извршил убиството. Тој подоцна бил задржан во затвор чекајќи судење се додека очевидците не потврдиле дека тој не е виновен. Невините луѓе, како Адамс, честопати одат на испрашување мислејќи дека немаат причини за грижа, затоа и немаат причина за да повикаат адвокат.
– Тие неочекувано наидуваат на тврдења дека се виновни и доказите што полицијата тврди дека ги има против нив. Признанието честопати доаѓа кога осомничените се чувствуваат заробени и без излез. Тие забораваат на своето „право да молчат“. Некои од нив при испрашувањето, дури, навистина се уверуваат дека се виновни – рече Касин.
Во други случаи, луѓето би можеле да признаат само да излезат од собата на испрашување. Во тие моменти мислат дека вистината и други факти подоцна ќе излезат на виделина и тие ќе бидат ослободени, изјави Касин.
Луѓето од различни старосни групи лажно признаваат, но младите луѓе и лицата со ментална попреченост се најранливите категории, се наведува од Националниот регистар за помилување. Всушност, 49 отсто од лажните признанија, ослободени од ДНК-докази биле од луѓе под 21 година, според проектот „Невиност“, непрофитна организација што користи ДНК-докази за ослободување на погрешно осудени лица.