Жена од Кочани за пари ширела материјал со недолична содржина на Фејсбук, полицијата соопшти дека е осомничена за посредување во вршење проституција.
Како што посочија од полицијата, во кооординација со Јавен обвинител, вчера во полициска станица е повикана Н.Н.(26) од село Соколарци, Кочанско, во врска со ширење на видеоматеријал со недолична содржина, односно поради сомнение за сторено кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик.
Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку Фејсбук на друго лице, за што на неа требало да и бидат исплатени пари.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.