Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека по преземената акција на институциите во врска со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, постигнат е значаен успех.
– Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!
Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто – напиша Заев на Фејсбук.