ОВР Кичево поднесе прекршочна пријава против лицето Б.А. (30 )од кичевското село Туин.
Тој на 18 јуни во 20 и 35 часот на главната улица во Кичево, управувајќи ПМВ марка „голф“, не го почитувал јасно упатениот светлосен сигнал на полицискиот службеник, кој вршел контрола, за да го сопре возилото. Тој избегал и по кратко време полициската патрола со службеното возило го сопрела голфот при што пријавениот започнал вербална расправија со полициските службеници, упатувајќи им навреди и закани.
З.А.