Ј.С.(77) од Скопје е тешко повреден откако во него удрило возило управувано од женско лице.
Според МВР, несреќата се случила вчера околу пладне, близу крстосница на улиците „23 Октомври“ и „Коста Новаковиќ“ во Скопје, а лицето кое го управувало возилото побегнало.
Ј.С. е пренесен во Градската болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.