Едно лице било прободено со нож во градите во тепачка што рано утрово се случила во кафеана на улицата „50-та Дивизија“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, Н.Ѓ., утрово во 04.10 часот пријавил дека во угостителски објект на улица „50-та Дивизија” во Скопје настанала тепачка помеѓу две групи од гостите при што некои од учесниците имале ножеви.
Лицето Д.А. (34) од Скопје се здобило со убодна рана во пределот на градите, по што е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза”.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.