Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески на осум години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.
– Обвинетиот Владимир Талески го сторил кривичното дело злоупотреба на службена положба и овастување – соопшти судијката Добрила Кацарска.
„Судот ги осудува, обвинетиот Владимир Талески на казна затвор од 8 години во која казна се засметува и времето поминато во куќен притвор. Обвинитиот Слободан Бончановски на казна затвор од 6 години и 6 месеци во која се засметува и времето поминато во притвор. Обвинетиот Јорго Ивановски, е осуден на казна затвор од 2 години и 2 месеци. Обвинетиот Сашо Мицески на казна затвор од 3 години во која се засметува времето поминато во притвор.
Обвинетиот Арен Шабаноски е осуден на казна затвор од 2 години и 10 месеци во која се засметува и времето поминато во притвор, а обвинетиот Дејан Гугутчески на казна затвор од 2 години и 3 месеци. Обвинетиот Александар Стојчески е осуден на казна затвор од 2 години и 8 месеци. Обвинетата Лидија Цеќанцовска на казна затвор од 2 години и 6 месеци. Обвинетиот Крсте Јошески на казна затвор 2 години и 3 месеци. Обвинетата Новка Димоска на казна затвор од 2 години и 3 месеци и обвинетиот Џими Мицески на казна затвор од 2 години и 6 месеци“, рече Кацарска.
На 10-мина од обвинетите, изречена им е условна казна затвор.
Случајот „Траспортер“ беше отворен во април 2016 година.