Фото: Илустрација

На регионалниот пат Охрид – Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, синоќа околу 1.40 часот по полноќ се случила сообраќајна незгода во која едно лице починало и има неколкумина тешко повредени.

Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „цитроен Ц3“, со битолска регистрација, управуван од 27-годишен битолчанец, „голф“ со охридска регистрација, управуван од 23-годишник, од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепска регистрација, управуван од 26-годишен возач од прилепското село Мало Коњаре.

Од здобиените тешки повреди, во болницата „Св.Еразмо“ починал 27-годишникот од Битола. Со тешки повреди се здобиле и сопатници во неговото возило: лица на возраст од 27 и 23 години од Битола и Струга. Тие биле примени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тешко повредено е уште едно лице од Битола, но тоа е задржано во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Таму била згрижена и сопатничка од истото возило, 25-годишна скопјанка, која се здобила со телесни повреди.

Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и 23-годишна охриѓанка, сопатник во возилото „голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „голфот“ и сопатник од Охрид.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител, судски вештак и полициски екип