Едно лице е повредено во сообраќајката која попладнево се случила на патот Градско-Прилеп, кај тунелот близу кавадаречкото село Фариш. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила.
-Увидот се уште трае, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Повредениот е пренесен во Општа болница Кавадарци, рече Додевски.
Веднаш по пријавата за несреќата, на лице место пристигнале и интервенирале пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, кои се обучени да интервенираат при сообраќајни незгоди.