Почит на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија, при преземањето на посмртните останки на скопскиот аеродром, им оддадоа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.
Посмртните останки ќе бидат пренесени до нивните вечни почивалишта со возила на погребалното претрпијатие „Бутел”.
На плоштадот „Скендербег” во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите.