Дете со ловечка пушка на неговиот татко, застрела друго дете во Крушевско. Повредениот кој е негов братучед, е итно донесен во прилепската болница со тешки телесни повреди.
Инцидентот се случил вчера во семејната куќа на Џ.И.(43), кој во моментот не бил дома.
– Неговиот малолетен син истрелал од ловна пушка, која ја поседувал Џ.И., при што го повредил малолетниот братучед – велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.