Скопјанец со иницијали В.К. пријавил вчера во полиција дека врз неговата шестгодишна ќерка бил извршен полов напад. Како што навел во пријавата во полициска станица, половиот напад го извршил дедото на девојчето.
Пријавата е евидентирана во полиција вчера во 12.00 часот, како случај на полов напад врз малолетник кој не навршил 14 години.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.