Седум години и шест месеци затворска казна доби дедото на Тамара, Љупчо Стојановски за Убиство во обид на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Судиката Софија Лаличиќ во образложението за пресудата меѓу другото рече дека преовладувала одмаздата, а не правдата и дека оштетениот е жив, но не поради тоа што дедото на Тамара не сакал да го убие, туку поради неговата навремена реакција.
Таа додаде дека за време на рочиштето, одбраната на обвинетиот била концентрирана кон омраза кон институциите, а не кон барање правда.
Обвинителството побара продолжување на притворот до ивршување на почетокот на казната со образложение дека постои опасност обвинетиот да го доврши делото и да биде недостапен за органите на прогонот.
Одбраната најави жалба и побара поради здравствени проблеми на обвинетиот да се укине притворот до извршување на казната
Според одбраната пресудата не е коректна бидејќи судот немал доволно докази за пукањето на пиштолот со тоа што и МВР потврдила дека обвинетиот немал барутни честички на раката.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство